Градинарство
— поим кој означува одгледување на растенија заради нивното пријатно цвеќе или
зеленило, како и зеленчук, овошје за исхрана, во кој случај е познато и како
бавчанџиство. Градинарството се практикува од прехранбени причини, но и за
разубавување на животната околина. По својот размер варира: од овоштарници,
долги булеварски леи со еден или повеќе видови зеленило, дрвја и зелјести
растенија, домашни тревници и темел-садења, па се до мали и големи саксии за
одгледување внатре или надвор. Градинарството често е конкретно, со одгледување
на само еден вид на растение, а може да биде и мешано, со голем број на
различни растенија. Тоа подразбира активно учество, посветеност и труд, по што
се разликува од полјоделството или шумарството.
Градинарскиот дизајн во највеќетто
култури се смета за уметност, и се разликува од градинарството, кое обично
значи одржување на градина. Во Јапонија, самураите и зен-свештениците често
морале да изработуваат декоративни градини и да практикуваат цветен аранжман
наречен икебана. Во XVII век во Европа биле ангажирани пејзажни градинари за
преобразување на имотите во формални градини или пејзажирани паркови. Такви
примери се Версај во Франција и Стоу во Англја. Денес пејзажните архитекти и
градинарските дизајнери продолжуваат да создаваат уметнички креативни дизајни
за приватни дворови.

No comments:
Post a Comment